во

Бура од реакции за скандалозната изјава на Богојески: Митева згрозена од оправдувањето на насилството врз жените!

Портпаролката на Владата и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, упати остра осуда кон лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, поради неговите скандалозни изјави за потребата од „машки надзор“ врз жените.

Во објава на социјалните мрежи, Митева изрази неверување и огромно згрозување од ставовите кои Богојески ги изнесе во телевизиска дебата, оценувајќи ги како крајно понижувачки. Таа потенцираше дека релативизирањето на насилството во партнерските односи е исклучително опасно, заслужува најостра јавна осуда и не смее да се толерира во едно цивилизирано општество.

Жените не се сопственост на која ѝ треба надзор

Супер Попуст -25%

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, Митева истакна дека нивната заложба под мотото „За една повеќе“ е насочена кон создавање вистински можности за жените слободно и самостојно да одлучуваат и да водат. Таа отвори и сериозна дилема за медиумите, прашувајќи дали и колку треба да се отстапува простор за изјави со кои директно се гази женското достоинство.

„Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.“

Скандалозното гостување и реакцијата на ЛДП

Оваа бура од реакции следува по гостувањето на Петар Богојески на телевизија Алфа, каде тој отворено зборуваше за феминизмот, брачните односи и улогата на мажот. Најголем револт предизвика неговиот став за неверството, каде за евентуалната агресивна реакција на мажот изјави: „Тоа неговото не е насилство. Неговото е реакција на заштита на неговото достоинство“. Претходно, остра реакција пристигна и од ЛДП, од каде експресно побараа премиерот, Владата и Министерството за одбрана јавно да се оградат од овие ставови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ракометните херои во мисија за живот: Пешевски го продава својот дрес за спас на Стефан!