
„Пелагонија никогаш не била поблиску до Скопје“: Николоски со ноќни кадри од новиот експресен пат
Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сподели видео кое ги израдува жителите на Прилеп, Битола и целиот југозападен регион. На својот Фејсбук профил, тој објави спектакуларни ноќни снимки од новоизградениот експресен пат Градско – Дреново, делница која со децении беше „тесно грло“ за патниците кон Пелагонија.
Крај на голготата низ Плетвар: Побрзо и побезбедно патување
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Снимките ја прикажуваат модерната инфраструктура, осветлувањето и сигнализацијата на патот кој е од витално значење за економијата и туризмот.
„Со овој експресен пат Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се поблиску до главниот град Скопје, а се патува и многу побезбедно!“ порача Николоски.
Оваа делница не само што го крати времето на патување, туку значително ја зголемува безбедноста, заменувајќи ги старите и ризични кривини кои беа кошмар за возачите, особено во зимски услови. Вицепремиерот ја искористи приликата и да го честита празникот со традиционалниот поздрав: „За многу години! Бог се јави!“


