Видеото од ТикТок на кое е снимен “упад” на мечка на свадба и нејзиното качување на маса додека луѓето мирно ја гледаат, стана вирално на интернет.
Американката Енџи Диса неодамна присуствувала на венчавката на својот братучед во паркот Чипинќе во Мексико, па објаснила дека пристигнала во петокот, а свадбата се одржала во саботата.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
“Со оглед на тоа дека паркот се наоѓа во близина на планина, гостите на венчавката беа свесни дека во близина има диви животни”, рекла Диса.
Мечката се појавила додека сите вечерале, а тоа успеа да го документира Диса.
Видеото собрало повеќе од 1,7 милиони прегледи.


