во

ВИСОК РИЗИК ОД ПОЖАРИ: Портокалова фаза за цела Македонија, ЦУК апелира на максимална внимателност!

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата се наоѓа во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), предупредува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Единствен исклучок од оваа алармантна состојба се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар, односно овие региони се наоѓаат во жолтата зона.

Опасност од шумски пожари со висок интензитет

Супер Попуст -25%

Поради ваквите екстремни временски услови, надлежните посочуваат дека постои висок ризик од појава и неконтролирано ширење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со висок интензитет ширум целата територија на Република Северна Македонија.

„Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани на максимална внимателност и одговорно однесување. Ова особено важи при престој и движење во природа, при што строго се забранува користење на оган на отворен простор“, се вели во соопштението.

Од ЦУК уште еднаш потсетуваат дека брзата реакција е клучна во спречувањето на големи катастрофи. Доколку кој било граѓанин забележи пожар или чад, се замолува веднаш да го пријави случајот на бесплатниот телефонски број за итни случаи 112.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МАСОВЕН НАПАД ВРЗ МОСКВА: Украина лансираше над 600 дронови, повторно гори магацин на „Вајлдберис“!

СДСМ ОБВИНУВА: Луѓе умираат од западнонилска треска, а тие организираат кино на отворено во Драчево!