во

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА: Заев и Филипче бркаат маркици за дата центри по истиот рецепт како со марихуаната!

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на сметка на Венко Филипче и Зоран Заев, тврдејќи дека преку свои партиски испостави се обидуваат да обезбедат маркици за дата центри, користејќи го истиот метод како кога се доделувале лиценците за марихуана.

Според соопштението од владејачката партија, зад актуелната иницијатива за отворање дата центар во Пехчево стои поранешниот пратеник на СДС од периодот меѓу 2002 и 2006 година, Драги Ѓорѓиев. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Ѓорѓиев е само директна испостава на Зоран Заев и Венко Филипче кои зад кулисите се обидуваат да ги остварат своите бизнис-интереси.

Лицемерие во јавните настапи и строги стандарди за градба

Супер Попуст -25%

Од владејачката партија истакнуваат дека додека Филипче во јавноста води наводна кампања против овие проекти и пушта „пробни балони“, неговите блиски соработници тајно поднесуваат иницијативи и бркаат дозволи. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува дециден: дата центри се потребни, но тие мора да биде градени по најстроги стандарди, исклучиво надвор од населените места, со јасен економски и општествен бенефит за локалната заедница.

„Кадрите на СДС прават сè спротивно на интересите на граѓаните. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта, нека им каже на неговите пајташи какви бизниси се обидуваат да ротираат.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЈНА МИСИЈА ВО МОСКВА: Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, пристигна во Русија!

ТРГОВСКА ВОЈНА ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА: Канада возвраќа со царини од 15 до 50 отсто за американска стока!