во

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ го овозможија влезот на Мацура во „Алта банка“ преку сватот на Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања до опозициските СДСМ и ДУИ, тврдејќи дека во позадината на случајот „Алта Банка“ стојат нивни лични и бизнис интереси, во кои е вмешан сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура.

Мрежа на трансакции: Од акции во Битола до кредити од Белград

Според соопштението на владејачката партија, поранешните функционери на ДУИ, Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби, агресивно го туркале влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор. ВМРО-ДПМНЕ објави хронологија на настаните според која контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој моментно е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола (подоцна преименувана во Алта банка Македонија) купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Ахмети.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Од партијата посочуваат дека во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети, нагло влегла во банкарскиот бизнис купувајќи значаен пакет акции. Потоа, во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма зела кредит од пет милиони евра од „Алта банка“ во Белград. Само три месеци подоцна, во септември 2025 година, „АС Сењак“ му ги продава своите акции токму на Мацура, овозможувајќи му директно преземање на банката во Македонија.

 

Прашања до СДСМ и барање за одговорност

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали земениот кредит од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани и дали преку кредитирањето на фирма од кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар.

Владејачката партија го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да одговори дали партијата знаела за овие деловни релации на 24 октомври 2023 година, кога тогашниот министер Бесими ја отворил темата за „Алта банка“ на владина седница. Од ВМРО-ДПМНЕ децидно порачуваат дека нема недопирливи и бараат институционална одговорност и целосно расчистување на секоја евентуална незаконитост.

„Случајот Алта Банка е доказ и дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни, а единствен интерес им биле бизнис шемите… Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.“ — се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Замрзнатиот зеленчук ви е секогаш мек и водникав? Престанете да го варите, овој трик целосно го менува вкусот!

Тревога во Вашингтон: Мосад предупредува дека Иран подготвува атентат врз Трамп со дронови-камикази