
Елена Стојановска, водителката на утринската програма на Сител Телевизија, овие денови ги полни батериите на сончевите плажи на Мексико. Препознатлива по својата убава насмевка и стил, Елена позираше во тиркизен фустан кој совршено се вклопува со тропскиот амбиент и сините морски бранови кои се гледаат во заднина.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Покрај уживањето на плажите, Елена ја посети и познатата катедрала Сан Гервацио, сместена во Валадолид, историски град во мексиканската држава Јукатан. Ова патување не само што и нуди релаксација, туку и културно искуство за кое сигурно ќе понесе прекрасни спомени.

Интересно е и тоа што пред само две недели, оваа црнокоса убавица го прослави својот 44-ти роденден, а сега, со енергија и стил, ужива во незаборавното мексиканско сонце и егзотиката на Јукатан.


