
Резолуција со која се осудуваат манипулациите на опозицијата и се потврдуваат политиките против нелегалната миграција, вчера до македонското Собрание поднесе владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според координаторот Никола Мицевски, документот содржи девет точки и има за цел да стави крај на „измислената тема“ за наводни договори и изградба на кампови. Тој децидно тврди дека ниту е договорено, ниту ќе се дозволи трајно сместување на мигранти, а со резолуцијата се поништуваат и сите политики од времето на Зоран Заев поврзани со ова прашање.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Од друга страна, СДСМ, кои сè уште ја немаат поднесено својата верзија, го нарекоа потегот на власта „контрарезолуција“ и признание за договорот „мигранти за пари“. Портпаролката Богданка Кузеска обвини дека власта користи термини како „економски работници“ за да ја скрие вистината и дека најавените проекти финансирани од британскиот кредит се директно поврзани со носење мигранти.
Во меѓувреме, Јавното обвинителство информираше дека досега до нив не стигнала пријава за кривично дело „ширење страв и паника“, и покрај јавните повици од премиерот Мицкоски институциите да реагираат на тврдењата на опозицијата.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден








