во

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕСКА: Сончево и топло со температури до 38 степени!

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 38 Целзиусови степени.

Какво ќе биде времето во Скопје?

Супер Попуст -25%

Во главниот град нè очекува слично време – претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 16 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи до високи 38 Целзиусови степени.

Се препорачува почитување на основните препораки за заштита од високи температури и директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АКЦИЈА ВО ПЛОВДИВ: Уапсени 18 лица поврзани со неонацистичката организација „Крв и чест“.

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 АВГУСТ: За Близнаците тежок ден, ништо не функционира, Девици – не осврнувајте се наназад