
Претпладне врнежи од дожд, попладне смирување
Според официјалната информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денешниот ден ќе биде под влијание на променлива облачност. Во текот на претпладнето на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Утринските температури се движат во интервал од 7 до 14 степени, додека максималната дневна температура низ републиката ќе се искачи од 15 до 21 степен.
Временски услови во главниот град
Во Скопје денеска ќе преовладува претежно облачно време. Особено во текот на претпладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд, придружени со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната утринска температура се спушти до 11 степени, а максималната дневна во главниот град ќе достигне до 20 степени.
Од недела стабилизација и потопло време
Метеоролозите најавуваат постепен пораст на температурите од утре.
„Во недела и до крајот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно, но значително потопло време со подолги сончеви периоди. Само локално ќе има услови за краткотраен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец“, најавуваат од УХМР.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден








