во ,

Врескање и хаос во Крива Паланка: Полицијата со сила го приведе газдата на кравите што ги уништуваат нивите

Драма во Крива Паланка: Со врескање и отпор приведен сопственикот на 500 „распуштени“ крави кои со години ги пустошат селата

Попладнево во Крива Паланка се одвиваше вистинска драма при приведувањето на поранешниот сопственик на стадо од над 500 крави. Тој и неговото семејство пружиле жесток отпор, со врескање и физичко спротивставување, кога полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигнале да ги одземат животните. По кратка пресметка, сопственикот е совладан и спроведен во полициска станица, а Основното јавно обвинителство Куманово потврди дека е отворен предмет по брза постапка.

Земјоделците очајни: Уништени стотици тони храна, проблемот трае цела деценија

Супер Попуст -25%

Овој потег на институциите доаѓа по масовните протести на мештаните, кои тврдат дека околу 800 грла добиток слободно скитаат и уништуваат стотици тони земјоделски производи во атарите на кривопаланечките села. Проблемот, кој ескалираше во последните години, трае повеќе од една деценија, а селаните се жалат и на постојани закани од сопственикот и неговите ќерки. Од АХВ потврдија дека веќе се одземени дваесетина грла поради несоодветно чување, најавувајќи дека акцијата ќе продолжи и покрај отежнатите околности и инцидентите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕНЕРГЕТСКИ КОЛАПС ВО СРБИЈА: Рафинеријата во Панчево ги гаси машините, нема нафта!

Ја чисти мувлата и токсините, но не поднесува парно: Како да го спасите спатифилумот оваа зима?