во

Гори депонијата во Еднокуќево: Струмица се гуши во чад, пожарникарите деноноќно на терен

Од вчера попладне струмичкиот регион е обвиен во чад и непријатна миризба предизвикана од голем пожар кој избувна на депонијата во селото Еднокуќево, потврдија од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.

Деноноќна борба со огнот и најава за механизација

Струмичките пожарникари интервенирале двапати во текот на вчерашниот ден, а од раните утрински часови денеска повторно се на терен во обид да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот кој предизвика вознемиреност кај локалното население.

Супер Попуст -25%

Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, информираше дека во текот на денот ќе се вклучи и тешка механизација. Планирано е расчистување и потрупување на депонијата со земја, со што ќе се спречи понатамошно ширење и повторно разгорување на огнот.

Еколошка опасност и апел за одговорност

Пожарникарите предупредуваат дека ваквите инциденти не претставуваат само опасност од неконтролирано ширење на огнот, туку се и сериозна закана за здравјето на граѓаните поради енормното загадување на воздухот кое го носи чадот кон околните населени места.

„Пожарот на депонија не завршува секогаш кога пламенот ќе се изгасне. Тлеењето во длабочината на отпадот може повторно да го активира огнот и да бара долготрајни интервенции“, апелираат од ТППЕ Струмица, повикувајќи на поголема грижа за животната средина и одговорно однесување.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човекот на Трамп денеска кај Путин: Виткоф во Москва откако Зеленски изнесе нови мировни предлози во Осло

СДСМ со жестоки критики: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна