
Потребни состојки
Оваа боранија се готви со пилешко месо, компири, моркови и домати, додека брашното и компирот му ја даваат совршената густина на сосот. Рецептот не бара посебни кулинарски вештини, а за негова подготовка ви се потребни следниве состојки:
- 500 г боранија (свежа или замрзната)
- 300 г пилешко месо без коски
- 1 главица кромид и 2 чешниња лук
- 2 моркови и 2 средни компири
- 2 лажици масло
- 1 полна лажичка мелена слатка пиперка и 1 лажица брашно
- 200 мл доматно пире и околу 700 мл вода
- 1 лист ловор, сол, бибер и свеж магдонос
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Чекор по чекор подготовка
1. Динстање на зеленчукот и месото: Ситно исечкајте го кромидот, а морковот исечете го на тркалца. Во тенџере загрејте масло и динстајте ги неколку минути додека зеленчукот не омекне. Пилешкото месо исечете го на помали парчиња, додајте го во тенџерето и динстајте со повремено мешање додека не побели од сите страни.
2. Подготовка на сосот: Тргнете го тенџерето накратко од оган, додајте ја мелената пиперка и брашното и брзо промешајте. Вратете на оган и веднаш додајте ги доматното пире и водата, мешајќи постојано за да не се направат грутки.
3. Варење: Додајте ги боранијата, компирот исечкан на коцки, ситно исечканиот лук и ловоровиот лист. Зачинете со сол и бибер по вкус. Кога јадењето ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе поклопено околу 35 до 45 минути, односно додека месото и зеленчукот не омекнат целосно.
Тајната е во густината на сосот: Доколку сакате боранијата да биде навистина густа, немојте веднаш да ја ставате целата вода. Подобро е за време на готвењето по потреба да додавате по малку течност. Брашното и компирот природно ќе го згуснат сосот. Пред сервирање, тргнете го ловоровиот лист, посипете со свеж магдонос и оставете го јадењето да отстои десетина минути за вкусовите дополнително да се соединат.


