
Двајца велешани се качиле на погрешен воз, скокнале и се повредиле…
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Завчераутро, во 06,30 часот, на Железничката станица во Велес, К.М. (21) и М.А. (44), двајцата од Велес, се качиле во воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.
Кога виделе дека се во погрешен воз, бидејќи имале намера да одат во Гевгелија, на околу 150 м оддалеченост од Железничката станица, скокнале од возот.
Притоа се здобиле со повреди, поради што биле однесени во Медицински центар во Велес, од каде што потоа биле пренесени на лекување на скопските клиники.


