
Во јавноста повторно се отвори дебатата за евентуално зголемување на старосната граница за пензионирање, откако Владата даде зелено светло за меѓународна ревизија на пензискиот фонд. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја смирува јавноста дека сè уште нема официјална одлука и дека конечниот збор ќе го има извршната власт по деталните анализи. Според нејзиниот став, системот не треба да наметнува строги ограничувања и задолжително поместување на границата, туку да понуди флексибилност каде што оние кои се способни и сакаат, ќе можат да го продолжат својот работен век, додека останатите ќе се пензионираат според постојните правила.
Демографската криза како најголема закана за фондот и финансиите
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Најголемиот ризик за долгорочната одржливост на пензискиот систем останува стареењето на населението. Намалувањето на работоспособната популација претставува сериозен товар кој на долг рок може да ја наруши финансиската стабилност, проблем за кој веќе алармира и ММФ. Сепак, министерката уверува дека тековните трансфери се целосно сигурни, потенцирајќи дека во државниот буџет за 2026 година се веќе предвидени и финансиски обезбедени 19,6 милијарди денари за вториот пензиски столб.
„Треба да се даде опција секој сам да одлучи што ќе прави понатаму, бидејќи во различни професии постојат различни услови на работа и не е исто да се работи во тешки и лесни услови.“
Паралелно со пензиските дебати, Димитриеска-Кочоска се осврна и на севкупната фискална политика, нагласувајќи дека јавниот долг е успешно намален на 58,9 проценти од БДП. Државата во изминатите две години сервисирала долг од 4,4 милијарди евра, притоа задржувајќи ја силната дисциплина во трошењето и обезбедувајќи редовно финансирање на обврските кон граѓаните и стопанството. Наплатата на даноците е стабилна, а Владата активно продолжува со борбата против сивата економија и дигитализацијата на процесите, позиционирајќи го фокусот на долгорочна економска стабилност наместо на краткорочни и штетни популистички мерки.


