во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 АВГУСТ: Близнаците со причина се сомневаат, Јарецот има добар план, Вагата добива добри вести

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Кога е мотивот во прашање, посилни сте во првиот дел од денот, а што се однесува до идеите – во вториот. Во тој период постои можност за грешки бидејќи размислувате за работи кои немаат врска со работата. Некои дилеми стојат пред вас во емотивниот сегмент, но не е време за нивно решавање.

♉

Бик

Може да ви се понуди нешто што е многу различно од она што сте го работеле досега. И покрај несигурноста, би вредело барем да размислите за оваа понуда, особено ако доаѓа од страна на шефовите. Во љубовта се можни невообичаени однесувања или дури и влегување во необврзувачка авантура.

♊

Близнаци

Размислувате за нечии зборови и колку повеќе ја вртите ситуацијата, сè помалку сте сигурни во искреноста на личноста која се обидува да ве убеди во некои работи. Бидете внимателни, особено ако е во прашање некаков ризик. Имате чувство дека емотивниот партнер не е целосно искрен.

♋

Рак

Деловното опкружување денес може да биде место за грешки и поситни недоразбирања со колегите. Обидете се дополнително да не ја подгревате ситуацијата. Иако имате чувство дека партнерот не ве разбира, потрудете се да не внесувате тензија во комуникацијата. Со малку добра волја, лесно е да се пребродат некои работи.

♌

Лав

Ќе имате чувство дека некои работи во деловниот сегмент се конечни и дека вие не можете да направите ништо по тоа прашање. Не обидувајте се да ги промените ситуациите, туку да им се прилагодите. Она што го сакате не е во склад со она што го добивате во своите емотивни врски.

♍

Девица

Овој ден едноставно не е „ваш“. Ниту сте вие во посебно расположение за работа, ниту имате некаков поттик да се активирате по прашање на обврските кои се натрупале. Малку сте поромантично расположени и ќе ви годи комуникацијата и средбата со саканата личност.

♎

Вага

Позитивни информации стигнуваат до вас, но вие сте премногу обземени со размислувања за проектот во кој сте вклучени, па нема ни да стигнете да се израдувате како што треба. Исто така, имате проблем да се вклопите со некого со кого од неодамна соработувате. Многу размислувате за личноста за која сте заинтересирани.

♏

Шкорпија

Иако во првиот дел од денот ќе сметате дека не можете да го завршите она на што сте се обврзале, попладневните часови ви носат посилна енергија и фокусираност на работата. Многу ве фрустрира што не се случува никакво поконкретно поместување со личноста за која сте заинтересирани.

♐

Стрелец

Сериозен проблем се поставува пред она што сте го планирале. Може да бидете загрижени и несигурни дали ќе успеете да ги надминете препреките кои се појавиле. Се спречувате себеси во емотивниот сегмент и не сакате да покажете дека сте повредени од постапките на личноста која ви значи.

♑

Јарец

Во текот на пладневните часови ќе ви се пружи можност за комуникација или средба со личност која веќе некое време ја посакувате за деловен соработник. Ќе оставите добар впечаток. Задоволни сте од случувањата помеѓу вас и емотивниот партнер и планирате фини ситуации за вечерва.

♒

Водолија

Имате голема помош од колешките и женските лица во деловниот сегмент во текот на денешниот ден. Не двоумете се, прашајте за совет. Нема потреба да калкулирате во емотивниот сегмент, саканата личност е подготвена да ви излезе во пресрет по некои прашања.

♓

Риби

Имате чувство дека чекате подолго отколку што е потребно за решение на некои ситуации во деловниот сегмент. Повремено нетрпеливост и напнатост. Без разлика дали имате емотивен партнер или не, денес се чувствувате несигурно и дистанцирано. Потребно ви е да се почувствувате сакано и заштитено.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО: Од 38 степени до силни грмежи за само неколку часа!

СТАРИОТ ДОБАР КОМПИР-ПАПРИКАШ ДОБИ НОВ ВКУС: Со грав ова јадење станува уште позаситно