
Популарното дуо ДНК ја претстави својата нова песна „Чаршија“, во која како гости се појавуваат познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и перкусионистот Бока Конга. Песната, која го задржува препознатливиот стил на нивните хитови „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“, ветува дека ќе стане уште еден омилен хит кај македонската публика.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
„Успеавме повторно да создадеме нешто што ја освои публиката,“ велат членовите на ДНК, Панчо и Андреј, кои соработуваа и со режисерот Огнен Шапковски и директорот на фотографија Кристијан Теодоров за визуелното реализирање на песната.
Во спотот снимен во шармантната турска чаршија во Скопје се појавуваат и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, како и диџеите Irie Scratch и Nasty, кои го збогатуваат амбиентот со својот препознатлив стил.


