
Прославениот пејач Жељко Бебек доживеал незгода за време на својот настап минатата година во Загреб, кога двапати паднал на сцената пред публиката во Арена. Видеото од моментот неодамна повторно стана вирално на социјалните мрежи, поттикнувајќи реакции од неговите обожаватели.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
На снимката се гледа како Бебек се сопнува и паѓа на средината на бината. Откако се обидел да стане, повторно се тетеравел и паднал вторпат. Иако бил видливо потресен, пејачот побарал помош од својот тим, по што успеал да застане на нозе и продолжил со својот настап пред публиката.
Среќа во несреќата, Бебек брзо се опоравил и ја продолжил вечерта со песна.


