во ,

Зеленски експлодираше, „адреса“ за блокадата на 90 милијарди евра

Зборовите на Володимир Зеленски повторно ја кренаа температурата во Европската Унија, откако украинскиот претседател порача дека може да им ја даде „адресата“ на лицето што ја блокира европската помош за Украина. Изјавата ја даде на средба со новинари, во контекст на застојот околу финансиски пакет од 90 милијарди евра, за кој, според него, нема алтернатива.

Супер Попуст -25%

„Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да блокира 90 милијарди евра… Во спротивно, ќе им ја дадеме адресата на тоа лице на нашите вооружени сили, нека го повикаат и нека разговараат со него на свој јазик“, рече Зеленски, со јасна порака дека трпението на Киев се троши. Иако не именуваше директно, во украинските медиуми се оценува дека алузијата е кон унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Едно „вето“ што ја кочи цела Европа

Зеленски нагласи дека за Украина овие средства не се „пожелни“, туку критични. Според него, ако парите не стигнат навреме, на линијата на фронтот тоа значи помалку оружје, помалку муниција и поголем ризик за украинските војници. „Ни е јасно дека немаме алтернатива за овие пари… Ни е јасно дека едно лице ги блокира“, порача тој.

Во февруари Унгарија се спротивстави на европскиот заем од 90 милијарди евра, за кој било потребно едногласно гласање од сите членки. Овој механизам, што треба да гарантира единство, во пракса често се претвора во кочница кога една земја реши да го стопира процесот.

Санкциите против Русија повторно „заглавија“

Паралелно со финансиската помош, истиот политички судир го отвори и прашањето за новите европски мерки. Според наводите, ставот на Будимпешта ја попречил и подготовката на 20-тиот пакет санкции против Русија, кој се подготвувал во периодот околу одбележувањето на четвртата годишнина од војната.

Во позадина се и домашните калкулации. Во Унгарија се најавуваат парламентарни избори на 12 април, а темата за Украина со месеци е дел од внатрешната политичка битка. Тоа дополнително ја засилува перцепцијата дека европската стратегија се судира со национални интереси и предизборни поени.

Со својата изјава, Зеленски не само што ја притиска ЕУ, туку испраќа сигнал дека Киев ќе оди на максимум со дипломатски притисок кога ќе почувствува дека се игра со неговата безбедност. Во момент кога војната не попушта, една блокада во Брисел за Украина може да значи реална штета на терен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп го означи Мадрид како „губитник“, Европа во нова кавга со Вашингтон

Трамп сака улога во изборот на новиот ајатолах во Иран