
Украинскиот претседател Володимир Зеленски патува за Палм Бич на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но не оди со празни раце.
Пред поаѓањето, Зеленски одржал видео-консултации со лидерите на ЕУ (Фон дер Лајен, Коста), НАТО и Канада, кои му гарантирале дека поддршката нема да запре, без разлика на исходот од преговорите во Америка.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Што носи Зеленски на масата?
План од 20 точки: Ова е новата платформа за преговори, каде клучни се безбедносните гаранции.
Барања: Итна испорака на противвоздушни системи и ракети, бидејќи руските напади не запираат.
Став: Зеленски е дециден дека нема да прифати мир по секоја цена.
Иако Русија не учествува на овие разговори во Флорида, Зеленски признава дека за траен мир на крајот ќе мора да се постигне договор и со Москва.


