
Предупредување по изборите во САД
Според агенцијата АФП, изјавата на Резаи доаѓа во момент кога се проценува дека тешкиот пораз на Републиканската партија на конгресните избори во САД го натерал Вашингтон да ги ублажи заканите за нови напади. Сепак, Иран одлучи да испрати јасна порака до администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека евентуална воена акција ќе предизвика глобален и разорен одговор.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Тој беше дециден дека територијалната локација на американските сили нема да претставува пречка за иранската одмазда, проширувајќи го потенцијалниот фронт далеку надвор од регионот.
На дострел и оддалечените американски острови
Високиот безбедносен функционер нагласи дека одговорот на Иран при потенцијален нов напад нема да биде ограничен само на досегашните цели. Тој посочи дека можат да бидат таргетирани пооддалечени американски воени објекти кои досега не биле во фокусот на нивните воени операции.
Без да прецизира конкретни локации, Резаи упати експлицитна закана кон позициите на кои американската армија се чувствува безбедно, посочувајќи дека иранските ракети имаат капацитет да досегнат подалеку од очекуваното.
„Доколку американски авиони полетаат од некоја американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги нападнеме и тие бази. Би можеле дури да нападнеме и одредени острови за кои Американците претпоставуваат дека се надвор од дострелот на нашите ракети.“ — истакна Резаи за телевизијата „Ал Мајадин“.


