
Барање за стручни анализи и заштита на животната средина
Во пратеничкото прашање се посочува дека со Нацрт-планот се предвидува изградба на 25 објекти со вкупна бруто-развиена површина од речиси 30.000 квадратни метри. Исмаил бара Министерството за транспорт јасно да одговори дали располага со неопходните геолошки, сеизмички, еколошки и сообраќајни анализи од кои ќе се утврди дека реализацијата на планот нема да има штетно влијание врз планината и околните населби.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Главната дилема која се отвора е дали создавањето услови за приватни станбени објекти може да се смета за јавен интерес, доколку тоа подразбира дополнителна урбанизација на Водно, уништување на постојното зеленило и создавање нови безбедносни ризици за жителите. Пратеникот бара Николоски да објасни дали Министерството ќе ја проверува усогласеноста на планот со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.
Тест за институциите: Контролен механизам или партиска алатка?
Од министерот се бара недвосмислен одговор што ќе преземе доколку се утврдат материјални или процедурални недостатоци, односно дали Министерството ќе одбие да даде согласност или само формално ќе го одобри планот. Исмаил нагласува дека одговорноста не завршува исклучиво кај Советот на Општина Центар, туку и кај извршната власт која има обврска да врши надзор над законитоста.
„Еве ви ја шансата, министре Николоски. Ќе го спречите ли овој ДУП доколку утврдите дека е спротивен на јавниот интерес и законските прописи, или и Вие ќе бидете само уште една алка во партиската машинерија?“

-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден








