во ,

Историски момент: Сите советници обединети – „Усје мора да си оди од Скопје!“

Историска одлука во Скопје: Едногласно „ДА“ за дислокација на цементарницата Усје

По маратонска седница која траеше 13 часа, советниците во Град Скопје ги надминаа партиските разлики и едногласно ја поддржаа иницијативата на „Зелен Хуман Град“ (ЗХГ) за иселување на тешката индустрија од градското јадро. Со јасна порака „Усје надвор од Скопје“, Советот побара од надлежните институции итни и ненајавени инспекциски надзори за да се утврди дали фабриката ги почитува еколошките стандарди.

Барање до Владата: Тешката индустрија да си оди од котлината

Супер Попуст -25%

Усвоениот заклучок го задолжува градоначалникот официјално да побара од Владата започнување на постапка за дислокација на Усје и другите големи загадувачи на соодветни локации надвор од населените места. Дополнително, се апелира до Општина Кисела Вода и Министерството за животна средина строго да внимаваат на еколошките параметри при носењето на новите урбанистички планови (ДУП-ови).

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за петок, 26. декември 2025

Свадба на годината: Венус Вилијамс го кажа судбоносното „да“ на 45 години