во

Историски пречек во Вашингтон: Трамп по 60 години ја прекрши традицијата за да го пречека Шји Џинпинг на писта

Со прелет на воени авиони, почесен марш на воениот оркестар и црвен тепих долг дури 30 метри, американскиот претседател Доналд Трамп лично му приреди грандиозен дочек на кинескиот претседател Шји Џинпинг на пистата во базата „Ендрјус“, означувајќи го почетокот на историски тридневен самит.

Преседан што не е виден од 1962 година

Ова е прва официјална посета на Шји Џинпинг на Вашингтон по 2015 година, а самиот прием претставува редок протоколарен преседан. Ова е првпат од 1962 година еден американски претседател лично да дочека странски лидер на аеродромската писта во базата – чин што последен пат го направил Џон Кенеди при посетата на британскиот премиер Харолд Мекмилан.

Супер Попуст -25%

Доналд и Меланија Трамп лично ги пречекаа Шји и неговата сопруга Пенг Лијуан. Првата дама на САД потврди дека била директно вклучена во организацијата, посочувајќи дека ваквиот гест на Трамп се должи на нивниот одличен личен однос. Кинескиот лидер допатува со највисокиот државен врв, вклучувајќи го неговиот најблизок соработник Цаи Ки, вицепремиерот Хе Лифенг и шефот на дипломатијата Ванг Ји.

Продолжено трговско примирје пред тешките разговори

Како вовед во самитот, американскиот министер за финансии Скот Бесент соопшти дека САД и Кина го продолжуваат трговското примирје до јануари, одложувајќи го рокот кој првично истекуваше на 10 ноември. Ова остава отворен простор за преговори околу посеопфатен економски договор во иднина.

„Кина и САД се големи нации, а нивните народи се големи народи. Двете земји треба да бидат партнери, а не ривали“, порача претседателот Шји во пресрет на средбите.

На дневен ред зад затворени врати се наоѓаат најчувствителните глобални прашања: иднината на трговските релации, развојот и безбедноста на вештачката интелигенција, кризата околу Иран, како и геополитичките тензии во врска со Тајван.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Расте бројот на заболени: 70 случаи и 9 починати од западнонилска треска во Македонија