
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани побара суспендирање на Шпанија од Шенген-зоната, по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута, на северот од Африка.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
„Го поддржувам затворањето на Шенген-зоната со Шпанија“, напиша Тајани на социјалната мрежа Икс, осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана имиграција“.
Илјадници мигранти ја пробија границата
Кризата ескалирала откако голем број мигранти пристигнале од мароканската страна, дел преку копнената граница, а дел пливајќи кон Сеута. Според шпанските медиуми, полицијата била совладана од масовниот прилив.
Шпанската државна телевизија TVE објави дека границата ја преминале меѓу 2.000 и 3.000 претежно млади луѓе. Стотици биле забележани како се искачуваат преку заштитната ограда, која во тој момент немала доволно полициско обезбедување.
Во обидите за преминување загинале најмалку девет лица. Шпанските власти испратиле дополнителни полициски сили, а 60 припадници на армијата биле распоредени за да помогнат во воспоставувањето контрола.
Сеута побара итна помош од Мадрид
Локалните власти предупредија дека приемните капацитети се преоптоварени, додека стотици мигранти останале без соодветно сместување. Од централната влада било побарано итно засилување на безбедносните и хуманитарните служби.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони подоцна излезе со сличен став, повикувајќи на мерки со кои, според неа, би се заштитиле европските граници и безбедноста на граѓаните.
Единствената копнена граница на ЕУ со Африка
Сеута и Мелиља се шпански енклави на северноафриканскиот брег и ја претставуваат единствената копнена граница меѓу Европската Унија и Африка.
Двата града со години се соочуваат со обиди за масовни преминувања на мигранти кои преку шпанска територија сакаат да стигнат до останатиот дел од Европа.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден







