
Жител на местото Невил сир Соне, во близина на Лион, Франција, открил злато во вредност од околу 700.000 евра додека копал базен во својата градина.
За време на работите во мај, тој во земјата пронашол пет златни прачки (инготи) и повеќе златници завиткани во пластични ќеси, пренесуваат локалните медиуми.
Среќниот пронаоѓач веднаш го пријавил пронајдокот на локалните власти, по што случајот го презела Регионалната дирекција за културни работи (DRAC). Агенцијата ја исклучила можноста дека станува збор за археолошки наод, со што било потврдено дека пронаоѓачот е законски сопственик на богатството.
Повеќе од само среќа – златото имало трага
Според наводите на полицијата, златните прачки носеле сериски броеви кои овозможиле да се утврди нивното потекло. Било откриено дека златото е легално стекнато и било претопено пред најмногу дваесет години во компанија во регионот на Лион.
Поранешниот сопственик на земјиштето е починат, а потеклото на скриеното злато не е познато. Полицијата потврдила дека во врска со овој случај не е забележана никаква кражба или грабеж, па човекот може легално да го задржи целото богатство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







