
Неверојатна сцена е забележана во бразилскиот град Капистрано, каде крава пропаднала низ покривот на еден бар на градскиот плоштад!
Според локалните медиуми, животното му избегало на сопственикот, трчало преку плоштадот и на некој начин завршило на покривот на објектот, од каде што пропаднало директно во кујната. При инцидентот, еден од вработените се здобил со полесни повреди, а инвентарот на барот е оштетен.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа збунетата крава заглавена меѓу фрижидерите и огромната дупка на покривот. За чудо, животното не е повредено при падот и било извлечено со помош на работниците. Сопственикот е пронајден и се согласил да ја плати штетата.


