Повеќе сакате кучиња или мачки? Одговорот на ова прашање би можело да открие многу за вашиот карактер. Научниците тврдат дека постојат значајни разлики помеѓу луѓето кои повеќе сакаат кучиња и оние кои повеќе сакаат мачки, пренесува „Popsci“.
Истражувачот Мајкл Делгадо открил дека испитаниците кои рекле дека повеќе сакаат мачки биле поотворени, но и невротични, додека љубителите на кучиња биле попријатни и подостапни.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Истражувањата исто така откриваат дека оние кои се идентификуваат како љубители на кучиња имаат тенденција да бидат подоминантни во социјалните интеракции и се понарцисоидни, а љубителите на мачки се воглавно жени.

Мачките и кучињата имаат различна историја на припитомување, различни потреби, различна приврзаност и различно природно однесување кое е помалку или повеќе компатибилно со човечките потреби и однесувања. И, како луѓето, тие меѓусебно се разликуваат, а сите овие факти можат да влијаат на тоа дали некој повеќе сака куче или мачка.
Една голема работа која се уште не е проучена, вели Делгадо, е по што се разликуваат луѓето кои сакаат домашни миленици од оние кои не сакаат. Тој напоменал дека таа разлика би била многу потемелна и посложена.
Можеби главното прашање не е дали повеќе сакате мачки или кучиња, туку дали имате во својот живот простор за домашен миленик и дали сте спремни да ги усогласите своите карактеристики со нивните потреби.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








