во

Левица со жесток напад: Каде се бодовите за прием во студентските домови

Опозициската партија Левица упати жестоки критики кон министерката за образование Весна Јаневска. Ја обвинуваат за криење на бодовите и кршење на правилникот при приемот во студентските домови.

Иако министерката Јаневска ги отфрли наводите за неправилности нарекувајќи ги „лажни вести“, од Левица посочуваат дека самиот Правилник јасно предвидува објавување на резултатите. Според членовите 13 и 14 од документот потпишан од министерката, списокот на примени студенти задолжително треба да ги содржи добиените бодови. На објавените листи има податоци за кандидатите, но клучните бодови врз кои е направено рангирањето целосно недостасуваат.

Каде се бодовите и како е правено рангирањето?

Супер Попуст -25%

Без објавениот број на бодови, студентите се оневозможени да проверат како точно е направена селекцијата. Според Левица, невозможно е да се утврди зошто одреден кандидат е примен или одбиен и каде е поставена границата за прием. Правилникот прецизно предвидува бодување до максимум 100 бодови. Рангирањето треба да се базира на успехот, материјалната положба и редовноста во студирањето.

„Каде се бодовите? Без објавениот број на бодови студентите не можат да проверат како е направено рангирањето.“

Рачни табели и лажни ветувања за оброкот

Партијата потсети и на скандалозните наоди од Државниот завод за ревизија за конкурсот од 2022/2023 година. Ревизорите тогаш утврдиле дека пријавите биле обработувани рачно и внесувани во „Ексел“ табели, што отвора огромен простор за субјективно фаворизирање на одредени студенти.

Левица ја обвини Јаневска и за давање неточни изјави во врска со субвенционираниот студентски оброк. Иако министерката тврдела дека износот е зголемен со доаѓањето на новата власт, во објавениот повик стои износ од 140 денари. Ова е истата сума која важеше и во 2023 година. Со ваквите постапки, според Левица, целосно е доведен во прашање кредибилитетот на министерката за образование.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај на холивудската бајка: Аманда Сејфрид се разведува по девет години брак

Костадиновски со остар удар: Во Уставниот суд повеќе нема недопирливи предмети и политички комфор