во ,

Левица со жестоки обвинувања: Владата ги штити инвеститорите, младите остануваат без дом

Левица обвини дека Владата нема вистинска стратегија за станбената криза и дека со своите политики ги штити интересите на инвеститорите, додека младите сè потешко можат да дојдат до сопствен дом.

Супер Попуст -25%

Темата беше отворена за време на собраниската расправа за ребалансот на Буџетот, кога партијата поднесе четири амандмани за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани.

Повеќе згради, но уште повисоки цени

Од Левица велат дека Владата и понатаму се потпира на тезата дека поголемата изградба автоматски ќе ги намали цените на становите.

Според партијата, изминатата деценија донела градежен бум, но цените на недвижностите речиси се удвоиле, додека кириите станале сериозен товар за младите и за семејствата со пониски приходи.

Бараат јавни и достапни станови

Левица предлага државата директно да интервенира преку изградба на јавни станови, создавање достапен државен станбен фонд и воведување механизми за регулирање на кириите.

Партијата бара и даночни мерки против шпекулативното купување и акумулирање недвижности, оценувајќи дека станбениот пазар сè повеќе се користи за профит, а сè помалку за решавање на потребата од домување.

„Не сме против станови, туку против урбанистичката мафија“

Од Левица ги отфрлија обвинувањата дека нивното спротивставување на одредени детални урбанистички планови придонесува за станбената криза.

Од партијата велат дека никогаш не се бореле против изградба на станови за граѓаните, туку против, како што наведуваат, урбанистички практики што ги претвораат градовите во средство за богатење на мал број инвеститори.

Домот како право, а не како луксуз

Левица ја обвинува Владата дека ја избегнува дебатата за регулирање на пазарот на недвижности затоа што ги штити интересите на градежниот капитал.

„За нив домот е стока, а не право; средство за профит, а не предуслов за достоинствен живот“, порачаа од партијата, најавувајќи дека ќе продолжат да бараат поактивна државна станбена политика.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Силни експлозии одекнаа источно од Техеран, властите засега молчат

Пензија дури на 72 години? ССМ со остро предупредување до Владата