
Лука Дончиќ уште еднаш ги воодушеви фановите. Пред натпреварот со Денвер, тој изведе неверојатен потег. Погоди шут од тунелот
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен натпревар. Тој го водеше тимот на Далас Маверикс до победа над Денвер Нагетс (120-108).
Супер Попуст -25%
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Сепак, ѕвездата на „мавериксите“ својот најдобар потег го имаше пред почетокот на натпреварот. Дончиќ погоди „од тунелот“, како што е напишано на видеото. Словенецот шутна од голема далечина. Поточно, од меѓу столчињата во првите редови и од зад кошот.
Дончиќ инаку натпреварот го заврши со 31 поен. Имаше девет скока и седум асистенции.


