
Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“, организирана од македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала во Загрепскиот танцов центар. Овој настан претставува уште една силна потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.
Моќна порака за љубовта и слободата
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Публиката имаше можност да ужива во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев. Преку современ сценски израз, делото отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми. Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на изведбата јасно покажаа дека „Ајде!“ силно и непосредно комуницира со гледачите, бришејќи ги сите национални и културни граници.
Продлабочување на македонско-хрватските културни врски
Пред почетокот на претставата, свои обраќања имаа директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар, Александра Мадсен, како и светски реномираниот кореограф Игор Киров. Тие ја истакнаа важноста на оваа прва директна соработка преку која македонската уметност добива значајна меѓународна видливост. „Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите. Вечерва преполната сала е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција и квалитет“, изјави Ѓоргоска Илиевска. Гостувањето во Загреб е поддржано од Министерството за култура и туризам, а претставата е реализирана во соработка со „Motion Network“ продукција.


