
Македонскиот филм „DJ Ahmet“ го освојува турскиот пазар: Од овој викенд на репертоар во над 80 киносали
Филмската копродукција на Северна Македонија, Србија, Хрватска и Чешка, „DJ Ahmet“, официјално започнува со прикажување пред турската публика во повеќе од 80 кина. Ова е огромен успех за режисерот и сценарист Георги М. Унковски, чиј филм веќе ја освои светската критика со премиерата на престижниот „Sundance Film Festival“ во јануари 2025 година, каде се закити со „Награда на публиката“ и „Специјална награда на жирито“.
Приказна од јуручко село која го трогна светот
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Филмот раскажува длабоко емотивна приказна сместена во далечно јуручко село во Македонија, каде 15-годишниот Ахмет се бори растргнат помеѓу строгите традиции и семејните очекувања од една страна, и неговите соништа за слобода и музика од друга. По прикажувањето на над 30 фестивали и домашната премиера во октомври, филмот сега добива шанса да одекне и надвор од Балканот, докажувајќи дека искрените локални приказни имаат универзална вредност.


