во ,

Мислел дека е играчка, а донел воен дрон дома: Бизарна случка во Молдавија крена полиција на нозе!

Бизарен инцидент во Молдавија: Мештанин пронашол воен дрон, мислел дека е играчка и го расклопил во својот двор!

Полицијата во Молдавија мораше итно да испрати екипа од деминери во селото Пепени, лоцирано на околу 100 километри од Кишињев и недалеку од границата со Украина, по дојава за пронајден воен дрон. Надлежните останале зачудени кога сфатиле дека неименуван мештанин го пронашол леталото четири дена претходно, но бидејќи мислел дека станува збор за голема играчка, го однел дома. Кога полицијата пристигнала, затекнала несекојдневна глетка – борбеното летало веќе било расклопено, а неговите делови биле оставени на приколка од трактор.

Се работи за рускиот модел „Гербера“, властите апелираат на внимателност

Супер Попуст -25%

Градоначалникот Олег Черни веднаш ги известил државните институции штом ја идентификувал ситуацијата. Иако полицијата потврди дека во овој конкретен случај дронот немал експлозив и не претставувал опасност, станува збор за моделот „Гербера“, кој Русија често го користи за извидување или лажни напади во војната со Украина. Властите упатија сериозен апел до граѓаните во пограничните региони никогаш да не ги допираат или транспортираат паднатите летала, бидејќи тие можат да бидат смртоносни.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крокодил против ајкула: Туристите снимија брутална битка на брегот во Костарика

„Рудник“ во стомакот: Девојка (26) проголтала 1,5 килограми накит и пари!