
Шокантна глетка во Костарика: Крокодил проголта ајкула пред очите на зачудените туристи
Туристите кои го посетиле Националниот парк Корковадо во југозападна Костарика станале сведоци на ретка и застрашувачка битка помеѓу двајца врвни предатори. Водичот Луис Енрике од агенцијата „Суркос Турс“ успеал да сними момент на брегот на реката Сирена, каде гладен крокодил за само еден миг уловил и почнал да прождира млада ајкула. Од агенцијата истакнаа дека ова е „извонреден момент на чиста природа“ што многу малку луѓе имаат прилика да го доживеат во живо, претворајќи ја обичната тура во незаборавно искуство.
„Попаметни се отколку што мислиме“: Видеото стана вирален хит
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Снимката експресно се прошири на социјалните мрежи, достигнувајќи над 1,7 милиони прегледи на Фејсбук. Гледачите во коментарите ја анализираа застрашувачката интелигенција на влекачот. Еден корисник забележа: „Крокодилите знаат повеќе од нас. Копнените животни ги влечат на дното за да ги удават, додека водните животни (како ајкулата) ги изнесуваат на копно за да угинат“. Оваа тактика, заедно со демонстрацијата на бруталната сила на вилицата на крокодилот, го остави светот во неверување.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








