
Потреба од трета страна и признавање на билатерален спор
Мицкоски ги опиша досегашните контакти со бугарската страна како средби „колку да се случат“, по кои двете држави често излегувале со различни толкувања. Тој смета дека физичкото присуство на претставници на ЕУ би овозможило европските партнери директно да ги слушнат аргументите на Скопје и Софија.
„Јас знам која е загриженоста од страна на официјална Софија. Тие велат: ‘ако ние седнеме во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина имаме билатерален спор’. И навистина ние имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток, и токму поради тоа ни се потребни претставници на ЕУ за да ги слушнат аргументите“, појасни премиерот.
Без преговори без гаранции и предвидлив крај
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Премиерот е дециден дека Владата не сака да влезе во процес на евроинтеграции во кој условите постојано би се менувале и би се појавувале дополнителни барања. Според него, самото отворање на преговорите не претставува доволна гаранција, бидејќи низ процесот постои реален ризик од нови блокади од страна на Бугарија.
Тој откри дека Владата веќе има свои предлози за надминување на спорот, кои редовно им се презентираат на стратешките партнери, вклучително и САД. Повикувајќи се на сораборката во НАТО, Мицкоски порача дека партнерски однос треба да постои и во процесот на европска интеграција, бидејќи членството на Македонија во ЕУ треба да биде и во интерес на официјална Софија.
Од друга страна, бугарското Министерство за надворешни работи претходно порача дека пристапувањето на Македонија е европско прашање кое треба да се решава во институциите на ЕУ, останувајќи на ставот дека преземените обврски мора да се исполнат.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден







