во

Мицкоски од Германија: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината!

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, а државата конечно има стратегија и аргументи со кои го брани својот став пред светот. Ова е главната порака која премиерот Христијан Мицкоски ја испрати од Германија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, заедно со високи партиски функционери и членови на Извршниот комитет – Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети во Солинген, СР Германија. На средбата со иселениците, Мицкоски детално ги презентираше новите економски параметри кои покажуваат раст, како и големите инфраструктурни проекти кои се во тек.

Држава за почит наспроти грешките од минатото

Супер Попуст -25%

Осврнувајќи се на меѓународната политика и предизвиците во енергетскиот сектор, премиерот потенцираше дека е ставен крај на виткањето кичма. Тој пред присутните делегати нагласи дека Македонија конечно стана држава за почит, држава којашто има јасни пораки и не отстапува од своите стратешки интереси. Сепак, тој не ги премолче проблемите, посочувајќи дека тешката положба во која се наоѓа државата е директна последица на лошото владеење во изминатиот период.

„Македонија стана држава за почит, држава којашто својот став го брани со аргументи и со јасни пораки. Положбата во којашто се наоѓаме е таква заради грешките од минатото, кои се тешки како планини.“

Повик за инвестиции и враќање во татковината

Конференцијата во Солинген не остана само на политички пораки, туку прерасна во конструктивна дебата. Присутните делегати отворија серија суштински прашања насочени кон воспоставување подобра и засилена комуникација на македонската дијаспора со институциите во татковината. Посебен фокус беше ставен на креирањето поволна клима за инвестирање на иселениците во македонската економија, како и на создавањето реални можности и услови за нивно трајно враќање во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шок за штедачите во Битола: НБРМ ја презеде Алта банка, граѓаните ограничени на само 10.000 денари неделно!