во

Мицкоски по изборите во Брвеница: Бевме сами против сите, но бележиме значителен раст на гласовите

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи преку социјалните мрежи по поразот на кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ на предвремените локални избори во Општина Брвеница, оценувајќи ја изборната битка како „сами против сите“.

Раст на гласовите наспроти „националната карта“

Во својата реакција, Мицкоски истакна дека нивната коалиција на овие избори настапила исклучиво со програма и концепт за развој на општината. Според неговите зборови, од другата страна противниците имале поддршка од „демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“.

Супер Попуст -25%

И покрај поразот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека партијата бележи значителен раст на довербата кај гласачите. Тој посочи дека растот на поддршката од првиот изборен круг е евидентен, зголемувајќи се од 3.000 на 4.200 гласа. Во споредба со последните парламентарни избори, коалицијата остварила раст од 1.300 гласа, што сепак, како што наведе, не било доволно за конечна победа.

 

Владина поддршка за сите граѓани на Брвеница

Премиерот ја искористи приликата да им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржале визијата на нивната коалиција, но испрати и јасна порака до сите жители на општината дека изборниот резултат нема да влијае врз односот на централната власт кон Брвеница.

Тој вети дека Владата ќе продолжи да им дава силна поддршка на сите жители на Брвеница, без разлика на нивната политичка определба или за кого гласале на овие локални избори.

„Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, порача Мицкоски во својата објава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Убедлива победа: Илијана Јотова е новата претседателка на Бугарија

Трагедија на Флорида: Приватен авион со девет лица се урна во станбена населба, нема преживеани