
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да ги критикува судиите и обвинителите, оценувајќи дека граѓаните не се задоволни од начинот на кој се испорачува правдата.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Тој го опиша извештајот на Европската комисија како најдобар што државата го добила досега, но призна дека документот содржи сериозни забелешки. На барањата за повисоки буџети одговори со порака дека правосудството прво треба да покаже резултати.
ЕК предупредува на притисок врз судството
Во Извештајот за владеењето на правото за 2026 година, Европската комисија наведува дека мешањето и притисокот од другите гранки на власта продолжуваат да предизвикуваат сериозна загриженост за судската независност.
Во документот се посочува дека избрани функционери и владини претставници ги засилиле личните критики кон судии и обвинители. Според Комисијата, изјавите од највисоките нивоа на власта за „чистење“ на судството и обвинителството можат да ја поткопаат независноста и поделбата на власта.
Довербата во независноста дополнително опаднала
Само 21 процент од граѓаните и 19 проценти од компаниите ја оцениле независноста на судовите и судиите како добра. Во 2025 година таква оценка дале 28 проценти од граѓаните и 26 проценти од компаниите.
Како главни причини за недовербата се наведуваат перцепциите за мешање или притисок од Владата, политичарите, економските и други посебни интереси.
Буџетите остануваат далеку под законски предвиденото
Европската комисија оценува дека недоволните средства ја поткопуваат независноста на судството и автономијата на обвинителството. За судскиот систем во буџетот за 2026 година биле издвоени средства во висина од 0,28 проценти од БДП, наместо законски предвидените 0,8 проценти.
За Јавното обвинителство биле обезбедени 0,21 процент од вкупниот буџет, додека законски предвиденото ниво е 0,4 проценти. Мицкоски, пак, остана на ставот дека дополнителни пари нема да има додека институциите, според неговата оценка, не покажат подобра работа.


