
Триесет и четири години по смртта, Фреди Меркјури останува енигма, а неговото искрено интервју од 1984 година открива што навистина мислел за славата, парите и осаменоста.
Во разговор со новинарката Лиса Робинсон, во период кога „Queen“ биле на врвот, Меркјури зборувал брутално искрено за својата јавна персона наспроти приватниот човек. Тој објаснил зошто ги мрази интервјуата: „Мразам да зборувам со луѓе кои не ги познавам. Медиумите од мене направија чудовиште и тиранин поради моето однесување на сцената. Јас сум многу нестабилен на сцената и тоа е единствениот дел од мене што тие го гледаат.“
„Екстремно сум богат и сакам да се разфрлам“
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Фреди не се срамел од својот темперамент, признавајќи дека знаел да уништи хотелска соба за три секунди, па дури и својот стан, кршејќи скапи „Лалик“ вази. На прашањето дали е богат, тој одговорил во свој стил: „Екстремно сум богат“. На прашањето што прави со парите, тој бил дециден: „Ги трошам. Се разфрлам со нив.“ За него, парите биле средство за остварување фантазии и живот без граници.
„Ние сме дисфункционално семејство, а парите нè држат заедно“
Меркјури отворено признал дека приватно ретко се дружи со членовите на бендот бидејќи имаат различни интереси (тој сакал опера и балет, тие рокенрол). На прашањето како опстанале заедно, тој цинично одговорил: „Парите, душо“. Сепак, веднаш додал дека под површината, тие се сакаат и ја сакаат музиката што ја создаваат. Односот во бендот го опишал како хаос од четири различни ега, но токму тој хаос бил клучот за нивната магија.


