во

Најмалку 11 загинати во руски напад врз станбена зграда близу Киев: Седумгодишно момче спасено по 14 часа под урнатините!

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во местото Димер во Киевската област, но спасувачките екипи успеаја да извлечат живо седумгодишно момче по дури 14 часа поминати под урнатините.

Чудо под урнатините: Спасени седумгодишно дете и 79-годишна жена

Како што соопшти началникот на Киевската област, Тимур Ткаченко, покрај седумгодишното момче кое поминало 14 часа заробено под урнатините, од разурнатата зграда жива е извлечена и 79-годишна жена. Украинските власти информираа дека детето е во стабилна состојба и е пренесено во болница. Претходно беше објавено дека во нападот се повредени шест лица, а дел од станарите се водеа како исчезнати.

Во тек е спасувачка акција со 130 луѓе, жестоки напади изминатата недела

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека еден дел од станбената повеќекатница е целосно разнесен на парчиња, нагласувајќи дека на терен се ангажирани 130 спасувачи кои ќе работат сè додека не се утврди судбината на секој поединец. Тој додаде дека само во текот на изминатата недела Русија извршила напади врз 20 украински региони, при што биле употребени околу 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 авионски бомби и 165 ракети.

„Во операцијата за спасување и расчистување се вклучени 130 луѓе и тие ќе продолжат сè додека не се добијат целосни информации за секој поединец“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Велковски демантира: Не се укинува вториот пензиски столб, одредбата само се пренесува во друг закон

Драма во болница во Берлин: Пациент си ја запалил постелата, 15 лица се повредени во пожарот