
Огнот кој избувна во атарот на селото Рамно Габер не е изгаснат и покрај огромните напори на противпожарната бригада. Дури ни интервенцијата на трите ер-трактори во текот на ноќта не беше доволна за да се стави огнената стихија под контрола.
Од Морани до Рамно Габер
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчерашниот ден бил исклучително критичен. Градоначалникот на Општина Студеничани појасни дека пожарот првично започнал во селото Морани, по што неконтролирано се проширил кон атарот на соседното село Рамно Габер.
Карпест терен и тешка битка во Македонски Брод
Ситуацијата е критична и во други делови на државата. Комплексен пожар е регистриран и на територијата на Македонски Брод, поточно во атарот на селото Драговдол. Од ДЗС информираат дека поради специфичноста и тешката пристапност на теренот, гаснењето од воздух со ер-трактори не ги дало посакуваните резултати.
„Доброволните пожарникари и оперативците на дирекцијата го гаснеле огнот искачувајќи се на тежок карпест предел, при што успеале да изгаснат поголем дел од еден крак на огнената стихија.“
И покрај сите предизвици со кои се соочуваат екипите на терен, првиот човек на ДЗС останува оптимист и верува дека пожарите конечно ќе бидат ставени под контрола во текот на денешниот ден.


