
Трагедија за Томи Ли Џонс: Ќерката пронајдена мртва во хотелска соба на Нова година
Легендарниот холивудски актер Томи Ли Џонс го доживува најголемиот кошмар на еден родител. Неговата 34-годишна ќерка, Викторија Кафка Џонс, е пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско во раните утрински часови на 1 јануари 2026 година. Семејството за првпат се огласи со кратко соопштение: „Благодарни сме за молитвите, но ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој тежок период“.
Сомнежи за предозирање, но без траги на насилство
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Според американските медиуми, Викторија била пронајдена без свест на 14-тиот кат во луксузниот хотел „Фермонт“. Иако официјалната причина за смртта не е потврдена, итната помош интервенирала поради сомнеж за предозирање. Полицијата соопшти дека нема траги на насилство, ниту пак пронашла дрога на лице место. Викторија, која како дете се појави во хитот „Луѓе во црно 2“, последниве години се повлече од јавноста и имаше проблеми со законот поврзани со супстанции.


