
Трамп не запира кај Венецуела: „Куба е следна, а претседателот на Колумбија нека си го чува задникот“
По спектакуларното апсење на Николас Мадуро, Доналд Трамп веднаш испрати јасни и директни закани до другите левичарски режими во регионот. На прес-конференцијата, тој најави дека „Куба ќе биде следната тема“, опишувајќи ја како земја во пропаѓање. Државниот секретар Марко Рубио (син на кубански емигранти) беше уште поостар: „Кога претседателот зборува, сфатете го сериозно. Да живеев во Хавана и да бев во владата, ќе бев многу загрижен“.
Вулгарна порака до Густав Петро: „Тој произведува кокаин“
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Трамп не штедеше зборови ниту за колумбискиот претседател Густав Петро, обвинувајќи го дека ја преплавува Америка со дрога. На прашањето дали стои зад своите претходни изјави, Трамп одговори брутално искрено: „Да, тој навистина мора да си го чува задникот (watch his a**). Тој произведува кокаин и го праќа во САД“. Овие изјави предизвикаа страв од нови воени интервенции во Јужна Америка.


