во ,

Не се пече: Брз „Кокос ролат“ готов за 20 минути

Рецепт: Кокос Ролат (без печење)

Овој колач е подобар од купечките бидејќи е сочен и кремаст, а мирисот на кафе му дава посебен шмек.

Супер Попуст -25%

Потребни состојки:

За темниот дел (кора):

250 г мелени бисквити

125 г шеќер во прав

1 лажица какао

1 шолја јако сварено кафе (црно, оладено)

За белиот дел (фил):

125 г путер (на собна температура)

125 г шеќер во прав

100 г кокос

За глазура:

100 г бело чоколадо

2 лажици масло + 2 лажици млеко

Како се подготвува:

Темна смеса: Во сад измешајте ги бисквитите, шеќерот и какаото. Постепено додавајте го свареното кафе и месете додека не добиете компактна смеса (ни премногу течна, ни премногу сува). Расукајте ја смесата во правоаголник врз проѕирна (самолеплива) фолија.

Бел фил: Изматете го путерот со шеќерот во прав додека не стане пенест, а потоа додадете го кокосот и измешајте.

Виткање: Нанесете го белиот фил рамномерно врз темната кора. Со помош на фолијата, внимателно свиткајте го ролатот.

Глазура: Растопете го белото чоколадо со маслото и млекото и прелијте го ролатот.

Ладење: Оставете го во фрижидер да се стегне пред сечење.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хорор на Карпатите: Туристи 8 часа заробени во меќава, спасувачите едвај се пробија

Докторска анализа на снимката: Еве зошто „стоењето во место“ го спаси коленото на Јокиќ