
Немажените и неженетите може да останат спокојни – нема да плаќаат данок.
Премиерот Христијан Мицкоски се предомисли и се извини. Тој вели дека бил погрешно разбран. Неговата вистинска грижа била демографијата, бидејќи, како што рече, ние тивко исчезнуваме и изумираме како нација.
Премиерот се извини: „Бев погрешно разбран, сакав да го слушнам пулсот на народот“
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Откако премиерот сфатил дека сакал само да го почувствува пулсот на немажените и неженетите, сега тој излезе со нова иницијатива. Тој вели дека во Читанката треба да стои што е семејство. Целта е младите да се едуцираат за семејните вредности уште од мали нозе. Тој продолжи дека за него, вистинската парада на гордоста се токму семејните вредности.
„Не е сè до парите, туку до срцето и до умот,“ рече тој. Тој ги повика сите заедно да работат за да се раѓаат повеќе деца. И да се полнат училиштата, за да имаме побогата економија.
Експерти: Проблемот не е во бракот, туку во сиромаштијата
Оваа дебата доаѓа во време кога Македонија се празни. Само минатата година, населението е намалено за 4.140 лица. Министерката за образование, Весна Јаневска, претходно алармираше. Таа рече дека во изминатите седум години имаме 17.000 ученици помалку.
Дел од експертите сметаат дека младите се добро информирани за состојбата. Тие велат дека покрај криминалот, главна причина за иселување се лошите социоекономски услови. Тие прават паралела. Функционер со плата од 2.000 евра може да си овозможи комодитет. Но, млад човек со минималец од 400 евра не може да ги задоволи ни најосновните потреби.


