во

Нов удар за Стевчо Јакимовски: МВР поднесе кривична пријава за несовесно работење!

Министерството за внатрешни работи поднесе нови кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и две службенички од Секторот за урбанизам поради незаконско издавање на градежни дозволи.

Според информациите од МВР, пријавата против Јакимовски е за „несовесно работење во службата“, додека раководителката и вработената во Секторот за урбанизам се товарат за повеќекратна „злоупотреба на службена положба и овластување“. Имено, тие издавале изводи и одобренија за градење врз основа на Детален урбанистички план (ДУП) кој уште во 2018 година бил укинат од страна на Уставниот суд. Јакимовски, пак, потпишал договори со инвеститорите за плаќање комуналии без воопшто да провери дека се работи за локации со укинат план, иако претходно самиот дал насоки да не се издаваат такви одобренија.

Милионски суми и градби во парковско зеленило

Супер Попуст -25%

Со ваквото незаконско постапување, во два одвоени случаи во текот на 2025 година, на инвеститорите им било овозможено противправно да се стекнат со право на изградба на објекти во вкупна вредност од над 23 милиони денари. Воедно, пријавените службенички незаконски издавале и решенија за поставување настрешници кои претставувале засебни објекти лоцирани во јавен простор наменет исклучиво за парковско и пејсажно зеленило. Сето ова било направено без комплетна документација и без наплата на потребниот надоместок за уредување на градежното земјиште.

„Иако знаеле дека основниот проект е спротивен на важечкиот урбанистички план, наместо да го вратат предметот на доработка, тие на инвеститорите им издале Одобрение за градење.“

Овие нови кривични пријави за урбанистичките малверзации во Општина Карпош доаѓаат во исклучително специфичен момент. Тие следуваат кусо време откако Врховниот суд донесе одлука со која ја укина претходната пресуда за Стевчо Јакимовски, со која тој беше осуден на три години и шест месеци затвор, исто така за бесправно градење и злоупотреба на службената положба.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Враќање на данокот: Мајките со трето дете ќе добиваат поврат цели 18 години!

Исчезна скопјанец во Охрид: Пронајдени само неговиот телефон и чамецот на плажа!