
Тежок инцидент се случил вечерва во скопската населба Чаир.
Оваа информација првично ја дознава порталот 4NEWS.mk. Инцидентот се случил на прометната улица Џон Кенеди. На терен има големо полициско присуство.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Според првичните и сè уште неофицијални информации, едно лице било нападнато. Нападот, наводно, бил извршен со нож. Ова предизвикало голема вознемиреност кај жителите.
На лице место има голем број полициски сили. Присутни се и специјални единици на полицијата. Исто така, на терен имало и возила на брза помош. Две од нив итно се упатиле кон Клиничкиот центар.
Според последните информации кои ги пренесуваат медиумите, две лица се хоспитализирани. Тие се здобиле со тешки телесни повреди. Во моментов нема официјална потврда за деталите. Не се знае ниту дали има загинати лица.


