во , ,

Овој цртеж на аукција е продаден за рекордни 3.17 милиони евра

Цртежот на белгискиот уметник Херге за насловната страница на албумот на Тинтин Синиот Лотус во четвртокот е продаден за рекордни 3.17 милиони евра, вклучувајќи ги сите трошоци, објавила аукциската куќа „Artcurial“.

Таа сума ги сруши сите рекорди како најскап цртеж за некој стрип во историјата.

Супер Попуст -25%

Цртежот од 1936-та година, насликан со кинеско мастило, гваш и акварел, бил продаден од семејството Кастерман во Париз.

Бил оценет како префинет, комплексен и прескап за печатење стрипови и мистериозно се појавил откако белгискиот стрип-уметник му го понудил на Џен Пол, синот на издавачот Луис Кастерман, велат наследниците.

На цртежот е прикажан црвен змеј на црна позадина покрај исплашениот израз на лицето на главниот лик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во пештера откриена најстарата слика на светот, која датира од пред 45.000 години – погледнете што е насликано на неа

Оваа сцена ги преплаши посетителите на еден парк во САД, еве за што се работи