во

ОГНЕНА СТИХИЈА ВО МАРИОВО: Пожарот во Чаниште пеплоса над 15 куќи, се слушаа експлозии на гранати!

Тажна е денеска глетката во селото Чаниште, Мариовско, по големиот пожар кој вчера зафати дел од селото и буквално проголта повеќе од 15 куќи и други објекти.

Пожарот избувнал околу 13:30 часот надвор од селото, но за многу кратко време се проширил кон куќите. Во Чаниште живеат околу десет жители, кои заедно со пожарникарите и останатите екипи херојски се бореле да го спречат огнот да зафати и други објекти.

Опасност од неексплодирани гранати

Супер Попуст -25%

Ситуацијата на терен била дополнително критична и опасна поради неексплодираните гранати од Првата светска војна. За време на огнената стихија постојано се слушале експлозии, и надвор и во близина на селото, што значително го отежнувало гаснењето и безбедното движење на спасувачките екипи.

Мобилизација на екипите и апел до граѓаните

Интервенцијата на терен продолжува и денес. Жителите, кои сè уште се во шок од вчерашната катастрофа, стравуваат огнот повторно да не се разгори. Во гаснењето и спречувањето на ширењето на огнот масовно учествуваат:

  • Екипи на ТППЕ Прилеп и Универзалната единица од Прилеп;
  • Дирекцијата за заштита и спасување и „Македонски шуми“;
  • Доброволни противпожарни друштва и голем број локални жители.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека општината обезбедила целосна логистика, човечки ресурси, храна и вода за сите лица кои учествуваат во акцијата.

„Апелирам да не се палат стрништа, ниви, отпад и сува вегетација, да не се остава оган без надзор и граѓаните да бидат крајно внимателни при секое движење и работење во природа“, порача Проданоски.

И покрај огромната материјална штета која го пеплоса селото, за среќа, нема пријавено повредени лица.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИРАН ПОСТАВУВА УСЛОВИ: Ормускиот Теснец останува затворен додека САД не ги исполнат обврските!

КРУМ ЕФРЕМОВ ОДИ ВО СОФИЈА: Потврден новиот македонски амбасадор во Бугарија.